ЈКП Кисела Вода 2022 Скопје го објавува следниот ОГЛАС

Врз основа на член 67 од Законот за Локална самоуправа (службен весник на Република Македонија бр.05/02), а согласно Правилникот за условите,начинот и постапката за давање на термини на користење во спортските објекти на територијата на Општината Кисела Вода со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје, заведен под Бр:03/82 од 15.05.2024 година и врз основа на Одлуката за распишување на Оглас за давање за користење на термини во спорстките објекти „Независна Македонија“ и „Архиепископ Доситеј“, со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие КИСЕЛА ВОДА 2022 СКОПЈЕ, заведена под Бр.03/284 од 27.06.2025 година, донесена од страна на Комисијата за давање на користење на термини бо спорстките објекти, Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје го објавува следниот:

                                                                                       О Г Л А С

-за издавање на користење на термини во спортските сали ,,Независна Македонија“и ,,Архиепископ Доситеј“

А. Во спортската сала ,,Независна Македонија“

1.Во Спортска сала ,, Независна Македонија“(за кошарка, одбојка, и други спортови) која се наоѓа во дворот на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ Скопје,на ул. Михаил Чаков бр.2 Скопје, во деновите: -Од понеделник до петок од 17:00 до 23:00 часот.

-Во Сабота и Недела во периодот од 09:00 до 23:00 часот, салата се издава за одигрување на натпревари на клубовите и одржување на разни спортско -културни манифестации, согласно Правилникот за условите,начинот и постапката за давање на термини на користење во спортските објекти на територијата на Општината Кисела Вода со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје, заведен под Бр:03/82 од 15.05.2024 година.

Б. Во Спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“(за мал фудбал, ракомет, одбојка и други спортови), која се наоѓа во дворот на ОУ Круме Кепески ул. Сава Ковачевиќ бр.76, во деновите:

Од понеделник до петок од 15:00 до 23:00 часот.

-Во Сабота и Недела во периодот од 09:00 до 23:00 часот, салата се издава за одигрување на натпревари на клубовите и одржување на разни спортско -културни манифестации, согласно Правилникот за условите,начинот и постапката за давање на термини на користење во спортските објекти на територијата на Општината Кисела Вода со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје, заведен под Бр:03/82 од 15.05.2024 година.

Почетен надомест за користење на термини во двете сали, од понеделник до недела, за користење на термин без затоплување,за 1 час изнесува 1200 ден плус ДДВ.

Почетен надомест за користење на термини во двете сали, од понеделник до недела, за користење на термин со затоплување,за 1 час изнесува 1600 денари плус ДДВ.

Пријавите со потребната документација за учество на огласот се доставува во архивата на Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје, која се наоѓа во просториите на Општина Кисела Вода, Барака број 6, канцеларија број 3 или по пошта со адреса -До Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје, улица Петар Делјан бр.17 или Пријавите да бидат во затворен плик со ознака „ не отварај“ и со назнака „за оглас за издавање на термини на спортски објекти “ и бројот на огласот. Пликот не смее да содржи никакви ознаки кои би можеле да го идентификуваат понудувачот.

Пријавата се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице на апликантот.

Понудите се доставуваат во рок од 8 дена од денот на објавување на Огласот.

               Кандидатите кон пријавата, треба да ги достават следните документи:

За физички лица: доказ за идентитет (лична карта или патна исправа), Овластување издадено од одговорното лице на физичкото лице, контакт телефон, адреса и е-маил адреса и трансакциска сметка.

За правни лица:доказ за регистрирана дејност, копија од тековна состојба на правното лице издадена од Централен Регистар на Р. Македонија не постаро од 6 месеци,програма за работа за сезоната 2024/2025 година со кратка историја за клубот, потврда во која е наведено дека нема ненадмирени обврски спрема Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје,издадена од страна на Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје, решение за вршење на дејност, тел. за контакт, адреса, е-маил адреса и жиро сметка/банка депонент

-Јавно усно наддавање ќе се спроведе  доколку за користење на определен  термин се јават најмалку двајца заинтересирани кандидати, согласно критериумите донесени од Комисијата за издавање на термини во двете спортски сали.

-Ако на огласот се јави само еден заинтересиран кандидат, се склучува договор со истиот, доколку ги исполнува условите предвидени со јавниот оглас.

-Ако на огласот за издавање на користење термини во спортски објект не се јават заинтересирани кандидати, Ќе се распише и објави нов оглас.

-Доколку и на повторниот оглас, не се јави ниту еден кандидат, се склучува договор со непосредна спогодба со заинтересираното правно или физичко лице кое ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас.

-Комисијата ќе ги извести кандидатите за времето и местото за јавното наддавање.

–Незадоволните кандидати кои учествувале на јавното наддавање имаат право на приговор во рок од 3 (три) дена, сметано од денот на завршувањето на јавното наддавање.

-Приговор се поднесува преку Комисијата за издавање термини во спортските сали, до Директорот на Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје.

Решението на Комисијата по приговорот е конечно.

-Со апликантите кои ќе добијат термини за користење во спортските сали,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“, Јавното комунално претпријатие Кисела Вода 2022 Скопје ќе направи договори за користење на термини, за период од 01.08.2025 година до 30.06. 2026 година.

Scroll to Top