🥇🥈🥉 Денеска, во атмосфера исполнета со гордост и емоции, беа доделени медалите на најуспешните млади бадминтонисти на Европскиот младински олимписки фестивал!
Свечената церемонија беше збогатена со присуството на градоначалникот на Општина Кисела Вода, кој лично им ги врачи медалите на победниците и им честиташе за постигнатиот успех.
👏 Во своето обраќање, градоначалникот ја истакна важноста на спортот како двигател на младинскиот развој и порача дека Општина Кисела Вода ќе продолжи активно да го поддржува спортот и младите таленти.
📸 Погледнете ја галеријата од доделувањето – моменти исполнети со сјај, благодарност и искрени насмевки!