Јавно комунално претпријатие КИСЕЛА ВОДА 2022 Скопје
Непостоењето на адекватни спотртски објекти ја намалува можноста за спортување кај децата и младината,како и можноста за развој на врвен спорт и истовренено ги дестимулира граѓаните да се занимаваат со рекреативен спорт. Без спортски објекти и неприлагодени спортски објекти невозможен е развој на спортот. Обезбедувањето на овој основен услов во спортската инфраструктура има потреба за издвојување на финансиски средства кои по правило не можат да ги обезбедат самите корисници (спортски клубови, спортски здруженија, грагани).
Ако се земе во обзир неопходноста на спортските објекти јасно е дека решавањето на проблемот со спортската инфраструктура покрај стручноста бара значителни буџетски вложувања.




Сите знаеме колку е голема улогата на спортот и спортскиот начин на живот.Затоа постоењето на добра спортска инфраструктура е од голема важност што дефинитивно влијае на спортската масовност а со тоа и здравјето на нацијата,што никако не смее да се занемари.
Главна дејност на Јавното комунално претпријатие е стопанисување со спортски сали и спортски објекти во надлежност на Општина Кисела Вода. Покрај главната дејност, Јавното комунално претпријатие ги врши и следните дејности:
- Изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти,
- Собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен и инертен отпад, под што се подразбира собирање, селектирање, транспортирање и депонирање на уредени депонии,
- Одржување на јавна чистота, под што се подразбира чистење (миење и метење) на јавни површини во надлежност на општината, јавни и отворени простори на јавни објекти и чистење на снегот во зимски услови,
- Одржување, чистење и користење на паркови, зеленило, парк шуми и рекреативни површини во надлежност на општината на сервисните и станбените улици, под што се подразбира изградба, одржување и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегетација, косење на трева, како и сечење на дрва и гранки,
- Изградба и одржување на јавното осветлување на станбени и сервисни улици на подрачјето на општината,
- Изградба, реконструкција, управување и одржување на гробиштата
- Одржување и користење на јавни пазари кои се во сопственост на општина Кисела Вода.
ЈКП КИСЕЛА ВОДА 2022 Скопје ќе биде насочено кон современи управувачки методи преку кои спортските сали и спортските објекти на територија на Општина Кисела Вода ќе може ефикасно да се: планираат, адаптираат, одржуваат, изнајмуваат, финансираат.
ЈКП КИСЕЛА ВОДА 2022 Скопје` – стопанисувањето и управувањето со спортските сали и спортските објекти ќе го базира на следните клучни функции:
- РАЗВОЈ
- МАРКЕТИНГ
- ФИНАНСИИ
- УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ
Преку ефикасно управување со клучните функции целта е спортската инфраструктура да овозможи спортски натпревари и на подолг рок да биде сатисфакција на учесниците кои се во тесна врска во спортскиот пазар (публика, клубови,спортисти,спонзори, инвеститори, кредитори).
Целта е стратешки и професионален пристап кон извршувањето на проектираните задачи,и применување на ефикасна техника во управувањето на моменталните инфраструктурни спортски објекти,прединвестциски циклус, изградба, постинвестициска анализа и фаза на експлоатација на објектот.
Општина Кисела Вода располага со следните спортски објекти:
Според видот на простор каде се одржуваат спортските натпревари
- Затворени спортски објекти (сали)
- Отворени спортски објекти (стадиони, јавни мултифункционални игралишта )
- Стратешки спортски објекти (спортски сали)